Нов трошок за матичните лекари: Се бара да плаќаат по 1.000 евра за акредитација на ординациите

|

Агенцијата за квалитет и акредитација неделава почнала да им испраќа барања на докторите за да платат по илјада евра за акредитација.

За здружението на матични доктори ваквата обврска го сметаат за арач, ќе се затвораат ординации, зашто давачката е неодржлива и неприфатлива.

Министерството за здравство соопшти дека во петок ќе се одржи работен состанок, откако вчера било договорено да се намали цената за акредитација поради економската криза и зголемените сметки за електрична енергија.