Нов застрашувачки настан во Скопје: Ученик упатил закани по живот кон професори

|

Полицијата вчера интервенирала во неколку наврати најпрво поради врсничкото насилство преку „Тик-ток“, како и поради вперувањето на пластичен пиштол од 13-годишник кон соученици. Сега дознаваме за уште еден инцидент кога интервенирала полицијата поради закани од 16-годишник кон професори. Тој објавил фотографија на социјална мрежа, која содржла закани.

„Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник- ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори. Известен е јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста“, велат од МВР.

За информации „Макфакс“ упати прашања и до скопското Обвинителство од каде се чекаат одговори.

Сите овие настани доаѓаат по масакрот во белградско училиште каде беа убиени девет лица, од кои осум се ученици, а еден е чувар. Има и тешко ранети, како и полесно повредени.

Извор: Макфакс