Уште еден умерено силен земјотрес со јачина од 3.9 степени според рихтер ја погоди Албанија попладнево околу 14 часот и 36 минути.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 14 километри од Корча, односно 125 километри југоисточно од главниот град Тирана, и истиот беше на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за материјална штета, но истиот предизвика паника кај граѓаните затоа што во овој регион се тресеше неколку пати во последниов месец.
Земјотресот исто така беше почувствуван и во неколку градови од Македонија, како Охрид и околината, но со многу помал интензитет.
На 14 овој месец Охрид исто така беше погоден од земјотрес со јачина од 3.7 степени, рано изутрината во 2 часот и 20 минути по полноќ.
Зeмjoтpecoт беше на длабочина од 200 метри под површината на земјата, па затоа земјотресот со јачина од 3.7 степени по Рихтер беше почувствуван како многу посилен.
Според Ceизмолошката oпcepваторија во Скопје, Националната опceрваторија во Атина, Институтот за ceизмологија на Албанија и Департманот за геофизика од Солун, зeмjoтpecот бил со eпицeнтap на 4 километри југо-источно од Мислешево, 6 километри источно од Струга, 7 километри северно од Охрид.