Нов земјотрес во Хрватска

ИЗВОРНов Лист
|

Околу 7:45 часот се почувствувал нов земјотрес во близина на Глина. Според податоците на ЕМСЦ, тој бил 3 степени според Рихтеровата скала.

Околу 3 часот наутро е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала на 26 километри западно од Сисак, а се почувствувал и во Велика Горица и Петриња.

Централна Хрватска е погодена од земјотреси од 28 декември, а најсилниот беше на 29 декември – повисок од 6 степени по Рихтер.