Нов земјотрес во Хрватска – Граѓаните од страв повторно излегоа на улиците

ИЗВОРНов Лист
|

Разорниот земјотрес од 6.2 степени според Рихтер кој ја погоди Хрватска непосредно пред новата година направи голема материјална и човечка штета, но се чини дека земјата сеуште не е сосема смирена и постојано се јавуваат нови афтершокови кои најчесто се мали по јачина, но има и такви кои се посилни па повторно ги паничат граѓаните.

Подрачјето на Петриња утрово го погоди уште еден таков семјотрес кој според првичните податоци на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), била со јачина од 3,6 степени по Рихтеровата скала и со епицентар на три километри југозападно од Сисак.

Земјотресот бил на длабочина од само 2 километри, и токму поради тоа, според тврдењата на очевидци, се почувствувал прилично силно и многумина во страв излегле на улиците, пренесуваат хрватските медиуми.