Нова актерка на повидок: Која ќе биде новата љубов на Фикрет во Истанбулската невеста?

ИЗВОРновлист
|

Фикрет Боран е човек кој не толерира да живее во сенката на неговиот постар брат Фарук. Често избрзува и носи лоши одлуки. Поради огромната желба да стане госпоѓа Боран, Ипек се омажи за Фикрет без тронка љубов. Тој заслепен од љубовта прави сè за да ја израдува, но за неа никогаш не е доволно.

Проблемите во бракот ќе се појават откако ќе се роди нивната ќерка и кога Ипек целосно ќе го запоставува и извбегнува. Осамен и несреќен, Фикрет ќе најде утеха кај друга жена.

Во серијата, Фикрет се вљубува во колешката од работа Есра (Имер Озгун). Есра е негова сопруга во реалниот живот. Тие се во брак од 2015 година. Се познаваат уште од нивните тинејџерски денови.

„Во брак сме само три години, а нашата љубов трае осум години. Ние всушност се познававме уште од средно училиште и на почетокот бевме најдобри пријатели. Растеме и многу се забавуваме, тоа е нашата формула! “, вели Салих.

Како ќе заврши нивната љубовна приказна во серијата останува да видиме во продолженијата што следат.