Водителката на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ, викендов успеа да се посрамоти при гостувањето на пејачот Саша Матиќ.
Водителката во еден момент му кажа на Матиќ дека „прв пат се гледаат“, а тој ја поправи дека и двајцата претходно биле на ист настан во главниот град.
Иако Јована мислеше на прво среќавање сигурно, токму тоа на многумина не им се допадна со оглед на тоа дека популарниот пејач е слеп, а водителката очигледно не го земала во предвид тоа.
Во продолжението на емисијата, водителката во неколку наврати изговараше и фрази во кои се споменува видот, но навреме застана и употреби синоними.
„Боже, оваа треба да се отстрани од јавноста“, „Ова е многу непрофесионално, но што да се очекува од водителка на Пинк“, „Срамно“, се само дел од коментарите.