Овен (21.03 – 20.04)
Потрудете се да им се посветите на своите обврски. Ако дадете се од себе, резултатите ќе бидат многу добри. Време е за искрен разговор со саканото лице. Ќе ве поддржи буквално во се.
Бик (21.04 – 21.05)
Денот не е погоден за ризици, избегнувајте такви ситуации. Во љубовта пред вас е прилика да остварите ново познанство. Очекувајте интересна комуникација и флерт.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Подготвени сте за нови деловни предизвици. Со задоволство ќе ја прифатите секоја нова прилика. Желни сте за успех. Во љубовниот живот ви доаѓаат интересни случувања во кои ќе уживате.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е да добиете сосема нова деловна понуда која може да ви звучи примамливо. Во љубовта комуникацијата со саканото лице не е како што треба, ситните кавги ќе ја расипат хармонијата.
Лав (23.07 – 22.08)
Можно е да успеете да дојдете до поголем напредок на полето за работа. Свесни сте дека сами сте заслужни за својот успех. Во љубовта подготвени сте за нови познанства. Вашите очи заводливо ќе светат.
Девица (23.08 – 22.09)
Подготвени сте за нови предизвици на деловен план. Имате многу енергија и сакате максимално да и се посветите на работата. Во љубовта ве очекува прилика на личноста што ви се допаѓа да и ги покажете своите квалитети.
Вага (23.09 – 22.10)
Можно е да не можете да ги реализирате баш сите планови кои ги имате. Ќе ви биде напорно на деловен план. Во љубовта ве очекува прилика да го обновите контактот со лице кое многу сте го сакале.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекува позитивна атмосфера на деловниот план. Нема да имате грижи и проблеми. Во љубовта ќе уживате во убавата комуникација со лицето кое го сакате.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денешниот ден не е претерано поволен па немојте да очекувате големи промени. Во љубовта пред вас е прилика уште повеќе да се зближите со саканото лице, да откриете нешто повеќе за него и дополнително да се поврзете.
Јарец (22.12 – 20.01)
Дајте си на себе си уште малку време за да ги остварите своите планови. Некои работи не е можно да се случат преку ноќ. Ќе ви одговара вниманието кое го добивате од страна на едно интересно лице.
Водолија (21.01 – 19.02)
Пред вас се нови случувања од кои ќе можете многу да научите и да извлечете важни поуки. Во љубовта ве очекува прилика заедно со саканото лице да уживате во убавиот ден.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат важни случувања на деловен план. Можно е да остварите некое значајно познанство. Во љубовта периодов ќе биде малку тежок за вас, но брзо ќе помине.