НОВА ГОЛЕМА ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗУШНА МАСА ОД ЗАПАД И СЕВЕРОЗАПАД НОСИ НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА

|

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до самиот крај на оваа, како и во почетокот од следната недела времето и понатаму ќе се задржи нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и заислен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие уште утре ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвежо ќе биде токму во текот на утрешниот ден, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од сабота па натаму температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека и во следниот период очекуваме МНОГУ НЕСТАБИЛНО време во Македонија, во случај на појава на електрични празења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета. Исто така поради доста интензивните врнежи во следниот период, можни се локални поројни поплавувања, па затоа граѓаните да внимаваат токму и на ова.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki