Нова интернет из мама: Лажни поштари бараат пари за подигање на пратка

|

Често сме сведоци дека на социјалните мрежи и на приватни електронски адреси се појавуваат лежни наградни игри или интернет из мами, а сега се појави уште една. Имено се појавуваат информации за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка.

Од АД „Пошта на Македонија“ информираат дека не стојат позади ова и станува збор за неовластено преставување во име на Пошта.

Posta, makedonska posta direkcija

– Ве известуваме дека во име на АД „Пошта на Македонија“ на социјалните мрежи се појавува дезинформација за достава на поштенски пратки и износ кој корисникот треба да го плати за да ја подигне својта пратка. АД „Пошта на Македонија“ не стои зад овие објави, а секое неовластено претставување во име на Пошта на Македонија претставува класична злоупотреба и е предмет за кривична и друга законска одговорност. Сите вакви случаи кои стигнуваат до нас, веднаш се документираат и се пријавуваат до МВР на понатамошно постапување, се вели во соопштението.

Од таму додаваат дека единствено и официјално известување за достава на пратките го вршат нивните пошторазнесувачи.