Нова препорака се очекува во врска со превентивните мерки

ИЗВОРНов Лист
|

Поради тоа што утре истекуваат забраните за движење од 20 до 5 часот и за работа на угостителските објекти, денес се очекува нова препорака на здравствените власти поврзана со рестриктивните мерки.

Врз основа на податоците за здравствената ситуација во Македонија, комисијата за заразни болести на денешниот состанок треба да процени дали да продолжат сегашните рестрикции или ќе препорача нивно ублажување или заострување.