|
Летонската „ЕрБалтик“ е новата авиокомпанија која влегува на македонскиот пазар, најавија од ТАВ Аеродроми. Компанијата ќе опслужува летови на релација Скопје–Рига–Скопје, а новата дестинација веќе е ставена во распоредот на Летонците за наредната летна сезона.
Македонската и летонската престолнина ќе бидат поврзани двапати неделно, почнувајќи од 3 мај до 30 септември во 2024 година.
Билетите за новата авиолинија се достапни за резервација преку веб страницата на ЕрБалтик www.airbaltic.com, со цени почнувајќи од 89 евра за патување во еден правец.