Пензионираниот ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима (38), на Инстаграм профил сподели фотографија на која е во друштво на своите ќерки Валентина (9) и Сиена (6), кои ги доби во бракот со Марко Јариќ (40).
– Дома со љубовта на мојот живот, Валентина и Сиена. Среќна сум што сум ваша мајка – напиша убава манекенка во насловот за фотографиите што ги објави.
Коментар под фотографијата прв објави најдобриот српски и светски тенисер Новак Ѓоковиќ (32), кој и се обрати на манекенката со „емотикони“.
Новак и Лима се познаваат уште од 2013 година кога Адријана беше гостинка на добротворната забава на Новак во Њујорк.
Неколку месеци наназад, Лима честопати го поддржуваше Ноле од трибините и му праќаше поздрави и честитки.
Извор: vistina.mk