Новак на работен одмор со семејството – малку вежба, малку си игра со децата во песокот

ИЗВОРСкопје24
|

Работен одмор – така може да се нарече почетокот на престојот на Новак Ѓокјовиќ во Марбеља.

Ноле со семејството летуваше на хрватското приморје, каде крстареа и уживаа, а потоа сите заедно отидоа во Марбеља.

Шпанското летувалиште е честа база на српскиот тенисер, а и сега Новак се одлучи и да вежба пред американската турнеја.

Меѓутоа има време и за уживање.

Светскиот првак во тенис го спои убавото и корисното, па на прекрасните плажи поминува време со семејството, но во исто време и тренира. Погледнете: