Новата цена на нафтата ги сруши сите рекорди

|

Цените на нафтата зајакнаа и денеска се движат околу двомесечниот максимум во азиската трговија.

Светската референтна нафта Брент е на пат да го забележи најголемиот неделен скок на цената за месец и половина, поттикнат од стравот од намалување на понудата поради можна забрана од ЕУ за увоз на руска нафта и зголемената побарувачка за гориво во САД пред летната сезона.мај.

Суровата нафта „брент“ за јулска испорака (фјучерс договори) се тргуваше во Азија за 117,31 долар за барел во 2:47 часот по средноевропско време. Претходно за време на тргувањето достигна цена од дури 118,17 долари. Севкупно, од почетокот на неделата е зајакната за околу 4,0 отсто, пренесува Ројтерс.

Цената на американските фјучерси на нафтата WTI денеска изнесува 113,91 долар за барел, а на неделно ниво се зголемува за околу 0,7 отсто.

И двата референтни типа нафта годинава забележаа поскапување од околу 50 отсто.

ОПЕК + има намера да се придржува до минатогодишниот договор од 2 јуни за зголемување на производството во јули за 432.000 барели месечно, отфрлајќи ги повиците од Западот да го засили пумпањето за да ги намали високите цени, изјавија за Ројтерс шест извори од нафтената алијанса.