Новата цена на струјата ќе се знае во петок

ИЗВОРСкопје24
|

Во петок ќе се знае новата цена на струјата во земјава .Првиот човек на регулаторната комисија за енергетика Беслимоски вели дека точната цена ќе биде формирана по отварањето на понудите на тендерот распишан од универзалниот снабдувач со електрична енергија новоформираната компанија евн хоум и направените пресметки со други параметри опфатени во процесот .

Беслимоски не очекува сериозни ценовни шокови меѓутоа

новата цена на електричната енергија, ќе зависи од повеќе фактори, но најмногу од тоа по која цена на аукцијата ЕВН ќе ја набави струјата од Електрани на Македонија .

Вицепремиерто Анѓушев истакна дека според извештајот од Европската комисија енергетиката има најголем напредог и нагласи дека последните две години цената на струјата е стабилна и дека и оти со воведувањето на ефтината тарифа во првата година осум, а оваа 11 милиони евра останале кај граѓаните.

Инаку македонските кои имаат долгови кон ЕВН од следниот месец известувања ќе добиваат од Универзалниот снабдувач кој стартува со работа од први јули.