Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7:50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.
Областа околу Петриња во Хрватска и претходно денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,7 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.
По новиот земјтрес што утрово го потресе Петриње, градоначалникот Даринко Думбовиќ рече дека земјотресот утрово бил многу силен. Тој посочи дека сместувањето на луѓето сега е основен проблем, бидејќи пристигнаа доволно храна и продукти.