Нови блокади на автопатите: „Македонија Блокира“ најави нови активности за денес

ИЗВОРСител
|

„Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид.

Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот. 

Тие го повикуваат премиерот Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат, а блокадите од „Македонија – Блокира“ продолжуваат.