Доктор Милика Ашанин од Ургентниот центар во Белград каде се хоспитализирани тројца ученици и наставничката по историја, во изјава за српските медиуми објави нови детали за нивната здравствена состојба.
Истакна дека нивната ситуација е подобра.
-Од четири оперирани, тројца се завршени и се на интензивно лекување. Двајца ученици се веќе разбудени, а наставничката во моментов се буди. Сите се во стабилна состојба. Во тек е операција на ученикот кој има повреди на градниот кош, вратот и ’рбетниот столб, а во моментов на него се спроведува дополнителна дијагностика, истакна докторот.
По однос на ученичката која е со прострелна рана во главата, докторот истакна дека таа е примена во Клиничката болница и е оперирана, но ќе се почека за да се даде изјава за нејзината состојба.