Нови љубовни шанси за Бикот, максимално поволен ден за Лавот: Дневен хороскоп (27.01.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

ОВЕН

Работa: Во текот на денешниот ден имате помалку трпение кога е во прашање работата, и лесно влегувате во конфликтни ситуации.

Љубов: Сте одлучиле дека не сакате да бидете во врска во која сте незадоволни. Не сте подготвени да се менувате.

Здравје: Покачен крвен притисок.

БИК

Работа: Пред вас е поволен период во кој ќе може да остварите работна стабилност.

Љубов: Привлекувате тајни врски и денеска ќе ви се пружи шанса да дојдете до спојување со личност која е расположена за врска.

Здравје: Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте заинтересирани за работна промена. Иако имате некои понуди, сметате дека моменталната работа најмногу ви одговора.

Љубов: Партнерот станува на некој начин несигурен. Вашиот однос дојде до сериозна криза.

Здравје: Напнатост.

РАК

Работа: Имате некои нови идеи и подготовени сте максимално да се посветите на работата, како би успеале да дојдете до реализација која ја сакате.

Љубов: Многу брзо го менувате партнерот, и на некој начин носите импулсивни одлуки.

Здравје: Имате многу енергија.

ЛАВ

Работа: Вие сте подготовени да влезете во ризик доколку сметате дека тоа ќе ви се исплати. Пред вас е ден кој може да биде многу поволен.

Љубов: Барате партнер кој ќе покаже иста доза на способност како и вие.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

ДЕВИЦА

Работа: Ве очекуваат промени по прашањето на заработка. Можеби сте загрижени за своите финансии, но тоа е само привремено.

Љубов: Имате некои дилеми и не сте сигурни која одлука е вистинската во врска со проблемите со партнерот.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.

ВАГА

Работа: Трпите голем притисок и поради тоа не сте задоволни со работната ситуација. Подготвени сте да смените работа, штом се укаже вистинска и подобра прилика.

Љубов: Покажете и на саканата личност што би сакале да промените во вашиот однос.

Здравје: Чувајте ги забите.

ШКОРПИЈА

Работа: Максимално сте посветени на работата и понекогаш не правите никакви паузи и одмори.

Љубов: Решени сте да превземете иницијатива и личноста која ви се допаѓа да и го ставите тоа до знаење. Подготвени сте за нова врска.

Здравје: Вкочанетост.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Немојте да очекувате дека некој друг ќе ги реши проблемите кои самите треба да ги решите. Посветете се на својата работа.

Љубов: Ви доаѓа средба со личност со која е можна сериозна врска на долги патеки во иднина.

Здравје: Проблеми со бубрезите.

ЈАРЕЦ

Работа: Ќе ви биде потребно многу трпение да ги разрешите некои компликации во работата.

Љубов: Пуштете го парнерот да одлучи за промените во вашата врска. Немојте да форсирате било какви промени.

Здравје: Намалете го внесот на шеќери.

ВОДОЛИЈА

Работа: Финансиската ситуација ви е променлива, и тоа многу ве нервира. Работите се она што е до вас да остварите подобрување на ситуацијата.

Љубов: Партнерот ви е верен и вие крај него сте среќни. Конечно, имате се она што сте сакале.

Здравје: Вртоглавица.

РИБИ

Работа: Покажете дека сте подготвени да превземете поголема одговорност во работното опкружување и ќе бидете наградени.

Љубов: Малку сте разочарани поради ситуацијата во која сте се нашле со саканата личност.

Здравје: Добро се чувствувате, и здравјето ви е стабилно.