Нови мерки на штедењe – Улично осветлување ќе има цела ноќ, ќе свети секоја втора светилка

ИЗВОРНов Лист
|

Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, воведува нова мерка за штедење на електричната енергија за улично осветлување.

Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани.

Според информациите од Општина Карпош, ова било одлучено на средбата што ја имал градоначалникот Јакимовски со секретарите на урбаните заедници, на која му бил пренесен, разгледан и прифатен овој предлог на граѓаните.

– Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав Одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето, да видиме дали постои таква техничка можност. Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење – изјави градоначалникот Јакимовски