Нови пријатели за Бикот, недоразбирања за Ракот: Дневен хороскоп (14.08.2019)

ИЗВОРСкопје24
|

Овен (21.03 – 20.04)

Вашето тело повеќе не може да го издржи напорот. Веројатно вашата работохоличност ќе се одрази на вашата состојба. Поради прекувременото работење, ќе бидете премногу истоштени, а тоа ќе го забележат сите околу вас. Ќе бидете критикувани за постапките.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е вистинскиот ден за нови познанства, проширување на кругот на пријатели и интимни средби. Планетата Венера ќе ви донесе возбудливи мигови со личност од спротивниот пол. Уживајте во заедничките мигови.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребен ви е одмор. Препуштете им на вашите колеги да ги извршуваат комплицираните работи, кои бараат многу напор. Некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположние. Настаните кои ви претстојат ќе ви донесат среќа.

Рак (22.06 – 22.07)

Можни се емотивни проблеми. Личноста која ја сакате е збунета во врска со некои ваши постапки. Разјаснете ги работите на време. Важно е да ја одржувате вашата репутација и добрите односи со колегите. Можно е да ви се случи недоразбирање на работното место, но извлечете поука од сето тоа.

Лав (23.07 – 22.08)

Надевајте се на големи промени кои со себе носат сериозни одговорности. Конечно можете да земете здив, бидејќи многу работи се разрешија. Доколку сте паметни, ќе успеете да го извлечете максимумот од ситуацијата. Тоа особено се однесува на партнерот.

Девица (23.08 – 22.09)

Неповолен ден, обидете да се да останете смирени. Денес нема да бидете многу сигурни во вашата финансиска ситуација, и тоа може прилично да ве вознемири. Некои информации кои ќе ги добиете, исто така може да ве вознемират. Не се повлекувајте, искажете го вашето незадоволство.

Вага (23.09 – 22.10)

Правилно ќе ја процените моменталната ситуација на работното место но ќе заборавите на некои помали делови кои се доста важни. Ќе ви помогне ваш стар пријател или колега и ќе направи работата да биде спасена. Преоптоварени сте со деловни обврски и немате доволно време за приватниот живот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Напорен ден со многу активности. Ќе бидете принудени да правите и по неколку работи истовремено, само за да ја зголемете својата продуктивност и ефективност. Но, за вас поимот мултитаскинг не е нов, па притисокот на роковите нема да ве скрши и ќе успеете да направите се што ќе наумите. Резултатите ќе бидат очигледни.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој ден внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси.

Јарец (22.12 – 20.01)

Поволен период во кој на проблемите ќе им пристапувате на нов начин. Благодарение на енергијата, тргнувате во нови походи. Тие се однесуваат на љубовта и уметноста. Заљубени сте и тоа ви носи добро расположение.

Водолија (21.01 – 19.02)

Ден во кој ќе се појават неколку конфликти одеднаш. Одбранете ги вашите ставови и верувања без да бидете агресивни. Ќе ви недостасува трпение, но на крајот од денот се ќе си дојде на свое место. Ќе бидете разочарани од некоја личност.

Риби (20.02 – 20.03)

Овој ден ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија и ќе претпочитате да ја поминете вечерта во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Доколку не сте во врска поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.