Нови услови за влез во Бугарија од 19 јануари – Еве кои се новите одлуки

ИЗВОРНов Лист
|

Поради ситуацијата во Република Бугарија и во Европа, согласно најновата одлука, изменет е режимот за влез и за државјаните на Република Македонија, почнувајќи од 19-ти јануари, со која се ограничува влезот за сите таканаречени не-есенцијални патувања во земјата.

Информираме дека Министерството за надворешни работи на Македонија е во постојана комуникација со надлежни институции во Република Бугарија и колегите во бугарското Министерството за надворешни работи, со цел замена на постојното решение кое може да предизвика застој во интензивната комуникација на граѓаните од двете земји.

Информираме дека до стартот на имплементацијата на целосна забрана на 19 јануари, очекуваме напорите да вродат со плод, и постојното решение да биде заменето со нова одлука со која нашите државјани ќе можат да влезат во Република Бугарија и за таканаречените не-есенцијални потреби.

Во било кој случај, условите за влез на малолетни лица од 12 до 18 години исто така се променети, и тие исто така ќе треба да ги приложуваат документи при влез, соопштуваат од Министерството.