Следува краткотрајно стабилизирање на Атмосферата во Македонија.
Меѓутоа, за време на викендот повторно на МНОГУ МЕСТА низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Сево ова е поради влијанието на новата ПОГОЛЕМА влажна и нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад.
Поради ГОЛЕМАТА енергија во Атмосферата, повторно за време на викендот ќе има ОПАСНОСТ од појава на локално и ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време (можни локални поплави), олуен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град и истиот локално повторно би можел да биде ПОКРУПЕН.
Апелираме граѓаните повторно да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ за време на викендот кој доаѓа, и тоа поради ОПАСНОСТА од појава на НОВО ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ.
Во Скопје и околината повторно за време на викендот ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината можна е појава и на НЕВРЕМЕ, како и на локални поплавувања.
Температурите сепак и покрај ова остануваат ЛЕТНИ, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. И понатаму не очекуваме температури кои се пеколно високи, и за нив ќе се изначекаме а и под знак прашалник е дали ќе ги имаме. Ние ќе имаме далеку попријатни летни температури за разлика од минатото лето, кое беше ПЕКОЛНО ЖЕШКО.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!