Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели видео снимка на која се гледа дека пејачката е во салон за автомобили кој го посетила заедно со ќерките.
Неа за око и западна моделот на Тесла „Х“, додека нејзината ќерка Ника исто така била воодушевена од истиот овој модел.
-Дали ти се допаѓа овој Ника? Сакаш ли да ти го купи тато?, ја праша Карлеуша својата ќерка.
По што таа и одговори дека сака да и го купи автомобилот.
Инаку Карлеуша овој салон го посети во Кина каде е на одмор заедно со ќерките кај својот сопруг Душко Тошиќ.
Цената на овој модел изнесува од 75 илјади до 150 илјади евра во зависност од опремата, па нема сомнеж дека мајката и ќерката имаат добар вкус за автомобили.