Режисерот и сценарист Мет Ривс објасни дека ликот на Бетмен, кој го игра Роберт Патинсон во неговата продукција наречена „Бетмен“, е инспириран од Курт Кобејн, фронтменот на групата Нирвана.
– Кога пишувам, слушам музика, а додека го пишував првиот чин ја слушав „Something In The Way“ на Нирвана. Тогаш помислив дека наместо Брус Вејн да го направиме како плејбој верзијата што ја видовме претходно, има друга верзија која поминува низ голема несреќа – изјави Ривс во интервју и додаде:
– Така почнав да воспоставувам врска со последните денови на Гас Ван Сент и идејата дека оваа измислена верзија на Курт Кобејн е во распадната вила – изјавил режисерот.
„Бетмен“ ќе има премиера на 4 март 2022 година. Покрај Роберт Патинсон, во оваа реализација играат и Зои Кравиц (Жена мачка), Енди Серкис (Алфред Пениворт), Колин Фарел (Пингвин).
Погледнете го трејлерот: