Новата модна кампања на Гучи (GUCCI) е со модел со Даунов синдром. Изгледа прекрасно!

|

Во оваа ера, луѓето повикуваат на поголема инклузивност во модата кога станува збор за моделите кои се прикажани во модните изданија, магазините, списанијата или дури и модните ревии.

Инклузивноста не мора да значи тон на вашата кожа, но може да биде и „вистинскиот ти“, дури и ако не спаѓате во конвенционалните стереотипи за убавина.

Гучи неодамна се искачи на подиумот со тоа што има 18-годишна манекенка со Даунов синдром како заштитно лице на нивниот производ за убавина – Гучи Маскара Л’Обскур.
Потег што освои пофалби.
По потекло од Есекс, Англија, Ели Голдстајн беше избрана да биде дел од кампањата #theguccibeautyglitch на Гучи и Вог Италија.

Голдстајн беше одбрана за кампањата преку социјалните мрежи на почетокот од оваа година, заедно со четири други модели, согласно со целта на Гучи „да ги поддржува новите таленти и да ја промовира темата за неконвенционална и нестереотипна убавина“.

„Јас ја дизајнирав маскарата „L’Obscur“ за автентична личност која користи шминка за да ја раскаже својата приказна за слободата на свој начин“, рече креативниот дизајнер на Гучи, Алесандро Микеле.

“Ние ја нарековме „L’Obscur“ затоа што овој збор ги балансира шармот и мистеријата”.