Новиот трејлер за филмот на Николас Кејџ ја заинтригира публиката (ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Објавен е нов трејлер за филмот „Неподносливата тежина на масивниот талент“, филм кој се снимаше во Дубровник и неговата околина, а во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ.

Досега реакциите за филмот беа доста позитивни.

„Изгледа навистина добро“, „Верувај ми, Николас Кејџ еден ден ќе добие награда за животно дело“, „Едвај чекам“, „Николас Кејџ е легенда“, „Ова е најочекуваниот филм годинава“, се само дел од коментарите под новиот трејлер.

Во филмот играат и Педро Паскал и Нил Патрик Харис, кој го игра агентот на Кејџ. Во филмот играат и Шерон Хорган, Лили Шин, Тифани Хајдиш и Ајк Баринхолц.

Во филмот Кејџ се игра себеси, актер чија кариера пропаѓа и поради тоа е принуден да прифати работа од милион долари – да дојде на роденден на богат фан. Николас Кејџ потоа се наоѓа во ситуација кога, за да се спаси себеси и своите најблиски, мора да стане еден од најпознатите и најлегендарните ликови што ги играл во филмот во текот на неговата кариера, но како вистински Николас Кејџ.

Некои од локациите во Хрватска каде се снимаше филмот минатата година се Вилата Шехерезада, Уметничката галерија, Конавле и Цавтат. Премиерата на филмот е планирана за 22 април 2022 година.