Комората на сметководители на Македонија продолжува со борбата за носење правичен Закон за вршење на сметководствени работи. Денес, од Комората излегоа со ново соопштение во кое се наведува дека во новиот ЗВСР се предвидуваат превисоки казни.
Целото соопштение интегрално го пренесуваме во продолжение:
ГЛОБИ
Комората на сметководители истакнува дека јасно и недвосмислено е против новиот Закон за вршење сметководствени работи кој се носи на штета на сметководствената професија, наметнува само обврски и одговорности, а не и права и е закон кој содржи директен интервенционизам од страна на министерството за финансии.
Во законот е утврдено дека Глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност се изрекува на трговец поединец – сметководител, трговец поединец – овластен сметководител или друштво за вршење сметководствени работи
За физичките лица е предвидена Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност која се изрекува на сметководителот, односно овластениот сметководител
ЗАКОНОТ ИМА ПРЕГОЛЕМИ ГЛОБИ И ИСТИТЕ СЕ НЕУСОГЛАСЕНИ СО НАМАЛУВАЊАТА НА ГЛОБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, А ВО УСЛОВИ КОГА ОВОЈ ЗАКОН НЕ НУДИ НИКАКВИ ПРАВА ИЛИ ЗАШТИТА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ.