Под влијание на стабилна, сува и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, до крајот на денешниот ден и утре времето во Македонија ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец.
Температурите ќе бидат РАНО ЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура денес ќе се искачи до околу 22, а утре до околу 25 степени.
Потоа во недела и тоа под влијание на влажна и ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, ќе има нови врнежи од дожд и снег на планините. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северозападен правец. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите позначително ќе опаднат, и тоа дури за 6 до 9 степени во споредба со оние од предтходниот ден, и максималните дневни во недела ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Нова стабилизацвија на времето и многу повеќе сонце ќе има уште од самиот почеток на следната недела.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Поради продорот на студена воздушна маса од север, но и поради разведрувањето, во првите денови од следната недела наутро минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места истите се очекува да се спуштат дури и под -5 степени. Токму поради ова на многу места се очекува појава на МРАЗ со што ги предупредуваме на земјоделците навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука