Ново истражување ја разреши дилемата – Што е поштетно? Седење пред телевизор или пред компјутер

ИЗВОРНов Лист
|

Мажите кои седат пред телевизор по четири часа дневно, значајно го зголемуваат својот ризик од развој на р*к на цревата, заклучиле истражувачите од Универзитетот Оксфорд. Тие следеле 500.000 Британци за време на шест години и пронашле голема поврзаност меѓу седечкиот начин на живот и ра*от на цревата.

Но посебен ризик е откриен меѓу мажите и тоа особено кај оние кои многу гледаат телевизија. Интересно, но кај жените тој ризик бил само 11 проценти.

Она што ги зачудило истражувачите е сознанието дека тоа нема никаква врска со седењето пред компјутер.

Многу поштетно е седењето на кауч или во фотеља додека гледаш филм, отколку да работиш или да играш на компјутерот. Истражувачите тргнале од претпоставката дека мажите се повеќе склони кон пушење, пиење и јадење брза храна пред телевизор отколку жените, а сите тие работи го зголемуваат ризикот од р*к на цревата.

Седењето исто така е поврзано со дебелењето и со високиот процент на телесни масти, што пак може да влијае на нивото на хормони во крвта.