Нова најава за дестабилизација на времето се појави на долгорочната анализа на најпопуларната мрежа за метео прогноза ACCUWEATHER. Имено тие предвидуваат пад од 10тина целзиусови степени за викендот кој доаѓа. Еве и детали од нивната прогноза:
Инаку прогнозата за утрешниот ден не е највесела и ќе биде проследена со променливо време.
До крајот на денот во западните делови времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд, а во останатите делови малку до умерено облачно, информира УХМР.
Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.
Минималната температура ќе биде помеѓу 8 и 15, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд.
Температурата ќе се движи од 13 до 26 степени.
И во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.
Популарната апликација ACCUWEATHER исто така најавува дожд во текот на денот, проследен со грмитевици и можна локална појава на невреме. Еве што тие објавија за Скопје во својата апликација:
Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер кој ќе донесе преодно стабилизирање на времето во попладневните и вечерните часови.