Ново НЕВРЕМЕ утре ќе ја зафати државава – од петок вистинско лето и ПЕКОЛНИ температури

ИЗВОРСкопје24
|

Под влијани на влажната и нестабилна воздушна маса која ја зафати нашата држава изминатиот период во текот на утрешниот ден повторно на повеќе места ќе услови нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмеж и засилен ветер и тоа особено од пладневните часови па натаму. Локално процесите се очекува да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, извести Славчо Попоски.

Веќе од петок очекуваме нешто постабилна атмосфера а во исто време од југ кон нашата територија ќепродира многу топла воздушна маса па така за време на викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека пак УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО високавредност и ќе изнесува од 10 до 11, не се исклучува можноста во најтоплите региони од државава истите во следниот период да се искачат и над 35 степени.

Конечно од петок па натаму ќе можеме да уживаме во вистинското лето.