Овен (21.03 – 20.04)
Имате најдобра намера кога на блиските соработници им упатувате критика, но вашите зборови не мора секогаш да бидат така сфатени. Во љубовта денес слободните ги очекува ново познанство.
Бик (21.04 – 21.05)
Се обидувате да откриете некои важни информации за вашата работа. Можно е дека ќе успеете да слушнете и нови трачеви. Во љубовта најдобро е денес да не очекувате преголеми промени.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе бидете склони на бурни реакции и лесно ќе можете да дојдете до конфликти со некој од колегите. Поведете сметка за однесувањето. Ќе мислите дека не добивате доволно љубов од саканото лице.
Рак (22.06 – 22.07)
Многу сте кавгаџиски настроени и важно ви е постојано да ги истакнувате своите способности. Но, на некој тоа нема да му се допадне, па директно ќе ви каже. Денот е добар за промени на љубовното поле.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе внесувате тензија во деловното опкружување, па ќе бидете предупредени за тоа. Некои чувства кон партнерот ќе се променат, нема да се чувствувате сосема слободни.
Девица (23.08 – 22.09)
Можете да очекувате дека многу лесно ќе ги завршите деловните обврски кои се пред вас. Денес е вашиот среќен ден. Во љубовта очекувајте позитивна атмосфера.
Вага (23.09 – 22.10)
Како да имате потреба за нешто повеќе од тоа што ви се нуди. Се обидувате да дофатите некој замислен идеал и се чувствувате емотивно празни. Партнерските односи ви се напнати и ако барате вина за тоа, барајте ја кај себе.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Бидете тактични какви што сте и не дозволувајте да влезете во конфликт со претпоставениот. Вам мислите ви се на друга страна и не внимавате на работата. Затоа не бранете си ги грешките, туку поправете ги и молчете.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Особено ви пречи кога ќе морате да се вратите назад и да преработувате нешто што веќе е сработено. Колку и да се буните и да праќате отровни стрели кон претпоставените, денес ќе морате да се справите со работите што веќе сте ги заборавиле.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате прилика да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности. Направете се што можете за да оставите добар впечаток. Јасно ви е дека не можете да го добиете сето она што емотивно го посакувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Важно ви е да ја одложите средбата со лицата кои од вас очекуваат конкретни одговори или одредена отстапка во деловната соработка. Делувате вознемирено поради различните дилеми, но партнерот има добра идеја и умее да ве расположи.
Риби (20.02 – 20.03)
Деловниот ризик во овој момент претставува погрешен избор и донесува само моментално олеснување. Претерувате со своите очекувања од саканото лице. Партнерот не сака да одговори на сите ваши огромни барања, смирете се малку.