Ново врвно руско достигнување: Русија ја претстави првата пловечка атомска централа во светот

ИЗВОРСкопје24
|

Русија ја претстави првата во светот пловечка атомска централа, која го носи името „Академик Ломоносов“. Екипажот е подготвен да отплови од Мурманск на долго патување по Северниот морски пат до Чукотск.

Се очекува пловидбата на реакторот да трае меѓу четири и шест недели, во зависност од метеоролошките услови и количеството лед по патот.