Во Зоолошката градина во Скопје денеска и утре ќе се одржи забава за деца „Новогодишна Зоо Бајка“. Двата дена од 12 до 16 часот најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма.
Од 12 часот денеска и утре ќе биде изведена претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете. За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимираните филмови „Зоотопија“ и „Фроузен“.