Новогодишната магија може да започне: Уметникот Александар Поповски и младата Елена Стојчевска ја обработија легендарната песна „Let It Snow“

|

Навлеговме во последниот месец од годината, па полека но сигурно можеме да започнеме со новогодишната и божиќна магија. Елката е неизбежниот дел од секој дом за новогодишните празници, но исто така неизбежен дел за подигање на божиќниот дух се легендарните божиќни песни од Синатра и Дин Мартин, па се до Мараја Кери и Џорџ Мајк.

Нашите естрадни уметници од време на време знаат да изненадат со некоја божиќна песна, но сеуште се малубројни за разлика од оние легендарни странски хитови. Сепак младиот македонски ликовен уметник Александар Поповски оваа година докажа дека уметноста нема граници и реши да ги здружи силите со младата пејачка Елена Стојческа од Битола, и да ги покаже своите музикални способности, па заедно ја препеаја, можеби најпознатата божиќна песна, „Let It Snow“ во свој стил.

„Соработката се случи сосема спонтано, Елена е пејачка, а јас нормално ова го правам од хоби. Преку дружба се договоривме, па во 5 минути ја снимивме. Се надевам ќе им се допадне на слушателите“, вели Александар за Скопје24.

Александар и е познат на македонската јавност по бројните портрети од нашата легенда Тоше Проески, и од неговиот голем мурал насликан во центарот на Скопје, додека Елена е 20 годишна мултиталентирана музичарка од Битола која со музика се занимава од 6 годишна возраст, но исто така како хоби се занимава и со сликарство.

„До некаде се подучуваме, јас неа во сликарство, таа мене во музика. Ова е прв заеднички проект, а во иднина ќе имаме уште многу други, здравје Боже. Планираме и нова преработка на исто постара песна во ист стил, бидејќи најмногу ни одговара, па се надеваме дека ќе издејствуваме позитивно и кај помладите денерации исто како и кај постарите, и ќе ги навратиме на тие убави времиња кога уметноста беше ненаметлива, романтична и секогаш со позитивна порака кон слушателите“, додава Поповски.

Во продолжение слушнете ја прекрасната изведба:

(Наталија Јосифоска)