Независно дали е на писта, вечерно излегување со пријателите, на прошетка низ град… Катарина Ивановска изгледа секогаш како „авион“ на писта. Иако е во поодмината бременост, за нашата македонска убавица тоа не е пречка постојано да биде активна, дури и на вечерни излегувања.
Со својата харизма, шарм, несекојдневна убавина, а исто така и со стајлинзите кои ги носи, Катарина несомнено е во фокусот на вниманието. Ретко чиј поглед не би се свртил кон неа, особено сега кога е бремена и стилизирана како милион долари. Изминатиот викенд таа заедно со друштво беше во еден скопски бар каде се појави облечена во креација на дизјнерот Игор Марков – луксузна и впечатлива креација за храбри жени, баш како неа.
Белиот елек со црвени пердуви како детаљ под кој облече бела макси кошула, ги истакна нејзиниите долги нозе, а пак стомачето речиси и да не се забележуваше.
Катарина разбирливо секогаш има полн моден погодок на себе, но овој пат едноставно остави воздишки зад себе.