Нуредини: Со новиот закон за легализација на дивоградбите ќе можат да се легализираат викендиците на Попова Шапка

|

Околу 90-тина дивоградби на Попова Шапка за кои нема ниту Детален Урбанистички план ќе можат да се станат легални со новото законско решение за легализација на дивоградбите кое владата го испрати до пратениците. Ова денеска го потврди министерот за животна средина Нуредини, кој пак не знаеше дали од рушење ќе куртулат или пак ќе се легализираат платформите и викендците на Матка, Маврово, Охрид. За Попова Шапка знаел бидејќи со владината студија Шапка треба да се развие во модерен ски-центар до добра инфраструктура..

И во новото законско решение влезе тоа на што најмногу реагираа невладините организации . Дивоградбите кои се водат како куќи за домување иако се изградени во национални паркови и заштитени подрачја, како и на охридското крајбрежје ако не

Влегуваат во списокот заштитен од УНЕСКО сепак да може да се легализираат. Само ќе треба да добијат уште едно одобрение од надлежен орган. Законот дозволува тие кои се дивоизградени заштитен појас и зони за одржливо користење да куртулат од рушење. Колку дивоградби ќе добијат можност за легализирање со овој закон, институциите не знаат оти немаат регистар на дивоградби.

Нова можност за легализација ќе добијат дивоградби кои се изградени до 1 јануари годинава. 1 барател ќе може да легализира 1 објект, како доказ наместо нотарска изјава сега ќе треба да достави сметки за платени режиски трошоци. Нема да може да се легализираат базени, гаражи,времени објекти, помошни простории, згради, надградби и доградби на згради и објекти чие земјиште е под хипотека. За легализација на дивоградба до 80 квадрати ќе се плаќаат за 50 проценти зголемени комуналии, а за тие над 80 квадрати 100 проценти повисоки комуналии. Ослободени ќе бидат лицата со ниски примања, кои имаат до 3.000 евра годишен приход. Со законот без пари ќе можат да се легализираат и верските објекти.

Александра Филиповска