Обединетото Кралство и Франција со нови протоколи за македонските државјани

|

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, целосно имунизираните лица, согласно утврдените британски правила за сертификат, повеќе нема потреба да прават тест ниту пред, ниту откако ќе пристигнат на британско тло, иако останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници.

–  ОК го прифаќа нашиот сертификат за примени дози, за оние кои ги признава (Moderna; Janssen (single dose vaccine); Novavax (Nuvaxovid and Covovax); Oxford/AstraZeneca; Pfizer BioNTech; Sinopharm Beijing; и Sinovac-Cor onaVac), а EU Digital COV ID Certificate за нашите граѓани ќе почне да го признава од 28 февруари 2022 г. Дополнително, неимунизираните лица се сметаат оние без ниту една или само со една доза (освен ако е Janssen) или лица кои имаат примено доза чиј сертификат ОК не го признава, на пример Sputnik.

Потсетуваме дека на државјаните на Република Северна Македонија за влез во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (ОК) им е потребна важечка британска виза или дозвола за престој, велат од МНР.

Од ресорното министерство додаваат дека државјаните на Република Северна Македонија може да влезат во Франција доколку се имунизирани, односно примиле една од следниве дози: Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson.

-Условите се однесуваат на: да се поминати 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covi shield (дози признати од Европската агенција за лекови-EMA), 28 дена од Johnson & Johnson, 7 дена од трета доза доза Pfizer за лицата кои претходно примиле доза која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA. Исто така, треба да се приложи потврда за статусот на имунизација, појаснуваат од МНР.