Обезбедено сместување и храна – Пријави се за сезонска работа во Хрватска

|

Svpetrvs Hotele d.d. имa над 900 сместувачки единици и е еден од најголемите работодавци во Далмација, со седиште на островот Брач, најголемиот и најсончевиот остров во Далмација. Svpetrvs Hotele d.d. денес се состои од три прекрасни одморалишта all iunclusive: Svpetrvs Waterman Resort, Waterman Gava Resort, TUI SUNEO Supetar, два бутик хотели: Hotel 8 и Milna Hotel 8 и Camp Waterman Beach Village.

Горди сме на нашата долга традиција и искуство во хотелиерството, настојувајќи секогаш да бидеме добар домаќин на сите што не посетуваат, нашите гости и нашите вработени, велат хотелот.

Svpetrvs Hotele d.d ги отворa своите хотели во април и се надева дека ќе поминете долга и успешна сезона заедно со нивниот тим

Чистач/кa, Готвач, Пица готвачКелнер во ресторан и Собар/ка. (За повеќе детали и аплицирање кликнете на секоа позиција одделно)

На нашите вработени им обезбедуваме сместување и храна, специјални програми за вработените и социјални активности, униформи, развиен систем на награди, специјални попусти на хотелски услуги, системи за обука и тим подготвен да ви помогне да стекнете нови знаења за да можете да напредувате што е можно поскоро, велат од компанијата.