Објавен изгледот на вилата на Роналдо – таа има два тунела, бункер… (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо живее во Торино во луксузна вила, чие дневно изнајмување чини неверојатни 40.000 евра, а на Јутјуб се појави видео од изгледот на вилата.

Вилата содржи илјада квадратни метри, осум купатила, базен, но и два тунела, како и специјален бункер. Тие ќе му послужат на Роналдо да ги избегне новинарите, а исто така и да ја сочува приватноста.

Која е Џорџина Родригез, прекрасната девојка на Кристијано Роналдо?

Згодната убавица е родена во град во Шпанија, Хака на 27-ми јануари, 1995-та година.

Според шпанско списание, таткото на Џорџина, Хорхе Родригез е од Аргентина и е поранешен фудбалер. Истиот извор тврди дека нејзината мајка го загубила животот во сообраќајна несреќа во 2011-та и оттогаш таа живее сама со татко ѝ.

Што работи?
Родригез моментално работи како модел во агенцијата Uno Models во Мадрид. Претходно работела како продажен асистент во продавница на Gucci. Таа учела англиски јазик во Лондон, а била и обучена танчерка.

Колку долго се во врска Џорџина и Кристијано и како се запознале?
Парот првпат беше поврзан во ноември 2016-та, кога беа забележани љубовни искри на нивната прошетка во Дизниленд Париз.

Се верува дека тие првпат се запознале кога фудбалерот ја видел во ВИП делот на некој настан на Dolce & Gabbana.

Оттогаш тие се забележани заедно на повеќе места, на романтични вечери, на одмор на Ибица, споделуваат заеднички фотки на социјални мрежи и изгледаат целосно заљубено.