Објавен распоредот на евровизиските натпреварувачи: Погледнете кога настапува Македонија

ИЗВОРНов Лист
|

Вчера беше објавен распоредот на настапи на овогодинешниот Евросонг, а на втората полуфинална вечер ќе настапи и нашата претставничка Андреа.

Првото полуфинале ќе го отвори претставникот на Албанија на 10 мај, додека во втората полуфинална вечер први ќе настапат Финците.

Андреа, која годинава ја претставува Македонија на Евровизија, ќе ја изведе песната во полуфинална вечер, на 12 мај. Песната „Circles“ ќе биде 11 песна по ред во второто полуфинале.

Од земјите во регионот, во првото полуфинале се натпреваруваат Хрватска,Бугарија и Грција а во второто полуфинале Србија и Црна Гора.

На Евровизија во Торино ќе се натпреваруваат 40 учесници, кои претходно победија на државните натпревари.

Како што е наведено на веб-страницата на Евровизија, во полуфиналето ќе се натпреваруваат вкупно 35 изведувачи – 17 први и 18 втори полуфинални вечери, а причина за тоа е што „Големата петорка“ (Франција, Германија, Шпанија, Обединетото Кралство и Италија како земја домаќин) директно пласирана во финалето.

Редоследот на настапите на финалната вечера, која е закажана за 14 мај, ќе биде познат по втората полуфинална вечер, кога ќе бидат познати и сите финалисти.