Филмот се снимал во Лондон, на Јамајка, во Норвешка и Италија. Премиерата е закажана за 3-ти април 2020-та година.
Објавен е најновиот тизер за новиот филм на славниот агент 007, “No Time To Die”. Станува збор за најновиот филм, 25-ти по ред, за Џејмс Бонд. Самиот тизер привлекол многу внимание, па сега нетрпеливоста за излегувањето на филмот е уште поголема.
Ова е последен дел од филмовите за Џејмс Бонд во кој главната улога ќе ја има Даниел Крег. Остварувањето го режирал Кери Фукунага, а покрај Крег во филмот играат Реми Малек, Рори Кинејер, Бен Вајшо, Наоми Харис, Леа Седу и Џефри Рајт.
Даниел Крег по петти пат го глуми британскиот таен агент 007. Потврдил дека ова е последното продолжение во кое ќе го игра Бонд, бидејќи дојде време да го замени некој млад.
“Тоа е еден од најтешките, но и најубави проекти за кои сум врзан. Треба да се вложи многу енергија во таа улога, а ја станувам се постар и поради тоа е малку непријатно”, рекол неодамна 51-годишниот актер, кој во текот на последното снимање го повредил зглобот.
Во новиот филм Бонд ужива во мирниот живот по напуштањето на тајната служба, додека не го посети стариот пријател Феликс Лајтер од ЦИА и бара негова помош. Тогаш оди во мисија на спасување на киднапиран научник, а притоа ќе се најде на патот на на таинствен негативец вооружен со опасна и модерна технологија.
Филмот премиерно ќе се прикаже на 3-ти април 2020-та во Велика Британија и во САД на 8-ми април.
Франшизата за Џејмс Бонд е една од највредните во филмскиот свет. “Spectre” од 2015-та година заработил 880 милиони долари, а Skyfall од 2012-та повеќе од милијарда долари.