Според најновите податоци на компанијата „Henley and Partners“ која од 2006 година ги рангира пасошите од 199 земји, затворањето на воздушниот простор поради кризата во Украина и отворање на границата за украинските бегалци почнало да влијае на глобалните патувања.
На врвот на листата традиционално се наоѓаат Јапонија и Сингапур, додека пак на дното се наоѓа Авганистан чии државјани можат да патуваат во само 26 земји од светот без претходно издавање виза.
Македонскиот пасош се наоѓа на 44-то место, а што се однесува од земјите во нашето опкружување, Хрватска се наоѓа на 17-то место, Црна Гора на 45-то место, Босна и Херцеговина на 49-то место, а Србија е на 37-то место.
Листата на најмоќни пасоши изгледа вака:
1. Јапонија, Сингапур
2. Германија, Јужна Кореја
3. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија
4. Австрија, Данска, Холандија, Шведска
5. Франција, Ирска, Португалија, Велика Британија
6. Белгија, Нов Зеланд, Швајцарија, САД
7. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта
8. Унгарија
9. Литванија, Полска, Словачка
10. Естонија, Лaтвија, Словенија