На 1 октомври почнува зимското сметање на работното време за зонско паркирање на паркинзите со кои стопанисува „Градски паркинг“ – Скопје.
Како што соопштија денеска од ЈП „Градски паркинг“, работното време од понеделник до петок во зоните А, Б и Ц ќе биде од 07 до 21 часот и во сабота од 07 до 14 часот. На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота од 07 до 23 часот.
„Градски паркинг“ известува дека од 1 октомври ќе се врши и промена на работното време и на јавните паркиралишта, така што на паркинг местата на „Нова Македонија“, „Народен фронт“ и АМСМ услугата паркирање ќе се овозможи 24/7.
Од јавното претпријатие апелираат до корисниците да бидат внимателни и наплатата за паркинг услугата да ја извршат навремено и уредно, во согласност со работното време на паркиралиштата.