Облачно, врнежливо и студено – Временска прогноза за 27.2.2022

ИЗВОРТелма
|

Уште вечерва Македонија ќе потпадне под влијанние на циклонска активност, која ни носи врнежи и заладување, најпрво на запад, а од ноќеска и на повеќе места.

Утре облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. До понеделник снежната покривка на планините значително ќе се зголеми, а нова ќе се формира на повеќе места, особено во западните делови каде локално ќе наврнат и над 20см нов снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Агропрогноза:

Изминатата седмица имавме променливо време, при што дојде до разладување на атмосферата, со пониски дневни температури, кои за жал не го стопираа, туку само го успорија пролетното будење на овошките, особено оние од коскестите видови, кои и вообичаено се првите видови.

Слични временски услови се очекуваат и за наредната седмица, со влажен бран на почетокот и променливо облачно време во останатиот дел од седмицата, со сончеви периоди, временски услови кои се добредојдени за изведување на работи во поле како што е кроењето на лозјата и резидбата на овошките.

Ваквите временски услови нема да им одат во пролог на пчеларите и пчеларството, каде потребите од храна се зголемени, па така пчеларите потребно е да ги обезбедат со цврста храна заради зголемената потрошувачка предизвикана со предходното зимско затоплување.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-8 Берово, -6 Попова Шапка, -4 Скопје-Петровец, Битола, Маврови Анови, -3 Струмица, Претор, Демир Капија, -2 Тетово, Прилеп, Штип, Крива Паланка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Гевгелија, Дебар, Kрушево, 0 Виница, 1 Куманово, 2 Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!