Облачно со врнежи од дожд а на повисоките планини снег

|

Утрово биле измерени 0 степени на Попова Шапка, 1 степен во Лазарополе, 3 во Тетово, Струмица, Крушево и Маврово, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, 5 во Крива Паланка, 6 степени во Прилеп и Берово, 7 во Охрид, Битола, Куманово и Дебар, 8 степени во Претор и Дојран, 9 во Виница, 10 степени во Штип, Демир Капија и Гевгелија.

Денеска се очекува облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег.

На места врнежите ќе бидат поројни и обилни, особено попладне и во ноќните часови. На повеќе места ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен воден талог.

Преку денот ќе дува слаб до умерен, а особено во источните делови повремено засилен југоисточен ветер, кој во текот на ноќта ќе се промени во северен. Поради спуштање на студена воздушна маса од север кон крајот на денот врнежите освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни попладне, како и во текот на вечерта и ноќта. Ќе дува слаб до умерен југоисточен, а кон крајот на денот засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.