|
Времето денеска ќе биде променливо облачнo и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.
Од среда ќе има повеќе сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во четврток и во сабота попладне се очекуваат локални врнежи