Професорот со сигурност не очекувал дека студентот и навистина ќе успее, со што на сите ќе им обезбеди позитивна оценка на испитот по Органска хемија.
Бени Форте од Охајо стана главен интернет лик откако на друштвените мрежи се појави снимка од исходот од неговиот облог со професорот. Всушност Бени се обложил со професорот дека сите студенти ќе добијат максимален број на бодови на испитот ако тој успее да ја погоди корпата за отпадоци на другиот дел од амфитеатарот.
Професорот веројатно никако не очекувал дека тој и навистина ќе успее и така на сите ќе им обезбеди позитивна оценка на испитот по Органска хемија.
Сè започнало така што професорот држел предавање за електроните со топче во својата рака кое ги претставувало електроните. Тој им дофрлал на студентите и на крајот од предавањето им кажал да го фрлат во корпата за отпадоци.
Тогаш започнала и приказната за облогот… Најпрво една студентка требало да се обиде, но кога слушнала што нуди професорот за возврат, сепак го предала топчето на својот колега.
Погледнете го фантастичниот погодок!
S/o to Benny for making this shot and getting the entire lecture an automatic 100 on our first ochem quiz pic.twitter.com/nmYJ34DjdM
— rachel brown ✧・゚: * (@yo_rochelle) September 2, 2016